Дали солзите беа лажни? Овие услови ѝ ги поставил Меси на Барселона!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во 2021 година ја напушти Барселона, откако цела кариера играше во каталонскиот гигант, по што потпиша за ПСЖ.

Меси во солзи го напушти тимот од Каталонија, меѓутоа сега се појавија документи кои предизвикуваат сомнеж за тоа дали солзите на Аргентинецот се вистински.

„Мундо Депортиво“ објави документи и мејлови кои ги разменувале Жорж Мендеш и преговарачите од Барселона, а станува збор за неверојатни барања кои ги имал Меси.

Меси сакал приватна ложа за своето семејство на стадионот, но и враќање на Суарез, како и авион по потреба за божиќни празници.

Тоа не е сè затоа што побарал и 10 милиони евра за потпис на договор, но и гаранција за враќање на парите од кои се откажал во тешките моменти, и тоа со камата од три отсто.

Исто така, побарал од клубот да му овозможи да замине кога ќе посака за сума од 10.000 евра.