Дали Тајсон ќе има шанса да се одмазди на големиот ривал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Мајк Тајсон веќе напорно тренира за да се врати во рингот.

Иако со години не удирал во фокусери, Тајсон покажа дека сè уште има неверојатна брзина и дека на 54-годишна возраст може лесно да нокаутира многу помлади борци од него.

Откако го објави враќањето во рингот за ревијални натпревари, Железниот Мајк доби многу понуди. Сепак, судејќи според тренингот на неговиот стар ривал Евандер Холифилд, третиот натпревар меѓу нив многу лесно може да се случи.

Холифилд во видеото покажа дека не е за старо железо, иако има 57 години, но малку порано истакна дека повеќе би сакал натпревар против Ридик Боу.

“Не би ми пречило да се вратам во рингот со него повторно. И покрај тоа што сум четири години постар, тоа не би било проблем. Ако ме прашате лично, единствената личност со која би барала меч е Ридик Боу”, рече Холифилд.

Сепак, има многу шпекулации дека Тајсон и Холифилд ќе бидат во ринг по трет пат. Нивните познати борби во 90-тите години од минатиот век станаа иконски, а Холифилд ги победи двата меча.

Особено беше запаметен мечот од јуни 1997. година, кога Тајсон беше дисквалификуван, откако го гризна увото на Холифилд.

Нивната нова пресметка сигурно ќе привлече големо внимание ширум светот и ќе видиме дали навистина се случува.