Далиќ: Македонија е одличен ривал и вистински тест пред ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот селектор Златко Далиќ имаше пофални зборови за Македонија и смета дека тоа е вистински тест за „коцкестите“ пред Европското првенство (ЕП).

Македонија ќе игра пријателски меч против Хрватска на 3 јуни во Риека во рамки на подоговките на „коцкестите“ за настапот на ЕП.

„Македонија е одличен противник за таа фаза од подготовките. Тоа е селекција која одигра нерешено со Италија и Англија. Тие покажаа дека ни претстои вистински тест за да покажеме до каде сме“, кажа Далиќ.