Далиќ на чекор да го преземе Ајакс?

Ајакс го отпушти Алфред Шредер по неколку лоши резултати, па сега клубот од Амстердам бара негова замена.

Холандските медиуми пишуваат дека Ајакс води преговори со неколку тренери, а еден од главните кандидати е Златко Далиќ од Хрватска.

Овој 56-годишен тренер одлично ги води „коцкестите“ веќе неколку години, па затоа тимот од Амстердам сака да му даде шанса.

Далиќ во кариерата работеше и како тренер на Вартекс, Риека, Динамо Тирана, Славен Белупо, Ал Хилал пред да се пресели на клупата на Хрватска во 2017 година.