Далиќ: Ни недостигаше вистински напаѓач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска во полуфиналето на Мундијалот во Катар загуби со 0-3 од Аргентина, па така им остана битката за трето место.

Селекторот Златко Далиќ даде коментар за настапот на неговите момци, по што ѝ честиташе на Аргентина за пласманот во финале.

„Ѝ честитам на Аргентина за пласманот во финале. Не можам ништо да им замерам на овие момци. Одигравме добро во првите 30 минути. Некогаш среќата не е на твоја страна. Морам да признаам дека ни недостигаше вистински напаѓач, меѓутоа да ни понудеше некој ваков епилог пред почетокот на Мундијалот, со две раце ќе го прифатевме“, вели Далиќ.