Дамјан Стојановски го продолжи договорот со МЗТ Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Дамјан Стојановски денеска официјално го продолжи договорот со МЗТ Скопје на уште две години.

Претходно и тренерот Ѓорѓи Кочов остсана во клубот, па во следниот период МЗТ Скопје ќе се обиде да потпише нови договори со најважните кошаркари.

Стојановски одигра одлична сезона за МЗТ Скопје, во која во просек постигнуваше по 14,8 поени, четири скокови и 1,6 асистенции на 22 средби во АБА-лигата, додека во македонската Прва лига беше малку поефикасен со 15,3 поени, 4,8 скокови и 2,1 асистенции.