Данска ќе ја памети тројката на Мекиќ од пола терен (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските кошаркари триумфираа против Данска со 74-71 за четврта победа во претквалификациите за Европското првенство, кое ќе се одржи во 2025 година.

Данска се покажа како незгоден противник на гостувањето во Гевгелија, но сепак Македонија успеа да запише триумф кој ги донесе чекор поблиску до следната фаза.

Ти-Џеј Шортс беше одличен и постигна 33 поени и шест асистенции во победата на Македонија, а дуелот ќе го памети и Адем Мекиќ кој постигна три поени од пола терен

Тројката може да се погледне на 1:33.30 од видеото во продолжение.