Дармиан го боцка Де Геа – Одличен си, но Буфон е најдобар голман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Има сличност помеѓу нив, но…“ изјави Дармиан.

Натпреварот помеѓу Италија и Шпанија е најзвучен во осминафиналето на ЕП, а почнаа меѓусебните боцкања пред натпреварот. Нолито изјави дека фуријата не се плаши од азурите, а фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан ги спореди голманот на клубот, Давид Де Геа и репрезентативецот на Италија, Џанлуиџи Буфон.

„Фантастично е да играш против Де Геа, но ќе биде тешко да му постигнеш погодок. Имаме и ние добар голман. Тие се два најдобри голмани во светот, постои сличност, но… Џиџи е најдобар голман на сите времиња. Како дефанзивец имам многу среќа што сум со него во тимот“, изјави Дармиан.