Давид Луиз сака да си замине од Челси и да се пресели во лутиот градски ривал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Давид Луиз сака да си замине од редовите на Челси во последните денови од преодниот рок.

Наводно, бразилскиот стопер сака да замине во Арсенал, клуб кој покажал интерес за него во текот на изминатите неколку денови.

Сепак, засега се уште на адреса на Челси нема пристигнато официјална понуда од редовите на Арсенал.

Се верува дека само примамлива понуда ќе ги натера челниците на Челси да се ослободат од Давид Луиз за кого не можат да донесат замена со оглед на фактот што Челси има забрана за вршење трансфери во овој и во зимскиот преоденрок.