Давид Силва и Диего Годин се збогуваа со фудбалот (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарните фудбалери Диего Годин и Давид Силва во ист ден решија да ја завршат професионалнат кариера.

Силва досега настапуваше за Валенсија, Манчестер сити, Еибар, Селта Виго и Реал Сосиедад, а со „граѓаните“ во кариерата ги освои сите титули во Англија.

Годин ги имаше најдобрите настапи во Атлетико Мадрид со кој играше во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а со Уругвај во 2010 година го освои четвртото место на Мундијалот.