Давид Силва имаше договор со Лацио, но се предомисли и ќе потпише за шпански клуб


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Давид Силва го напушти Манчестер сити како слободен фудбалер, односно реши да се врати во Шпанија.

Реал Сосиедад објави дека Силва е нивни нов фудбалер и тоа беше изненадување за сите, со оглед на фактот дека искусниот играч претходно имаше договор со Лацио.

Шпанецот со клубот од Рим претходно договори соработка на три години, па беа закажни и медицински прегледи, но целиот договор пропадна.

Луѓе од Сосиедад го контактирале Силва пред неколку дена и успеале во тајност да го договрат фудбалерот, а тоа го налути Лацио, кој нема да им го прости потегот.