Давид Силва нема да трча по пари и ќе се пресели во тим кој ќе игра Лига на шампиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот интернационалец, Давид Силва по цели десет години и со еден куп трофеи во своите витрини ќе го напушти тимот на Манчестер Сити.

Во јавноста во претходниот период се споменуваа дестинации во кои Силва би заработувал огромно богатство, но би бил далеку од фудбалскиот крем.

Така, играчот се поврзуваше со трансфер во Интер Мајами на Дејвид Бекам, а опција беа и Ал Ахли и Ал Наср.

Сепак, како што пренесува „АС“, Силва кариерата веројатно ќе ја продолжи во Лацио, тим кој од следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Италијанскиот клуб не може да понуди сума колку што можат да понудат Бекам и клубовите од Емиратите, но квалитетот на фудбалот во Италија и пред се во Лигата на шампионите го натерале Силва да ја прифати понудата на Таре.