Де Хеа добил понуда која не му дава мирно да спие!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман Давид де Хеа е подготвен да направи голем трансфер на крајот на сезоната, откако одби да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед.

„Ѓаволите“ веќе некое време преговараат за нов договор со Шпанецот, но очигледно голманот сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Де Хеа бара 20 милиони евра плата годишно, а во Јунајтед сметаат дека тоа е премногу и дека Шпанецот мора да ги намали своите барања.

Од друга страна, ПСЖ има план да го донесе и наводно му понудиле 350.000 фунти неделно.

Тоа што Јунајтед не е подготвен да му го понуди, токму тоа му го нудат Парижаните, кои се свесни дека Буфон мора да оди во пензија, а за успех во наредните сезони им е потребен добар голман.