Де Јонг на чекор од „Олд Трафорд“, Барселона пронајде замена за Холанѓанецот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Холандија, Френки де Јонг е блиску до трансфер во Манчестер јунајтед, објави „Скај Спортс“.

Британските медиуми пишуваат дека двата тима се блиску до договор за трансфер, кој ќе биде вреден околу 65 милиони евра.

Де Јонг има договор со Барселона до јуни 2026 година, а минатата сезона одигра 47 натпревари и постигна четири голови за каталонскиот гигант.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона пронајде замена за Холанѓанецот, а тоа е Карлос Солер од Валенсија.