Де Јонг признава: Имав силна и стабилна понуда од Англија, малку недостасуваше да се преселам на Островот, но…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френки Де Јонг оваа зима стигна од Ајакс во Барселона за 75 милиони евра.

Младиот 21-годишен Холанѓанец беше мета на многу великани, а многу се пишуваше за тоа дека најверојатно ќе заврши во ПСЖ. Меѓутоа, на крајот се одлучи да премине во Барселона и да потпише договор до 2024. година.

Сепак, тој откри дека малку недостасувало изминатото лето да заврши во Тотенхем бидејќи тренерот на Спарси, Маурисио Покетино бил разочаран со игрите на Вундеркиндот на Ајакс.

„Не беше вистински момент за тоа. Не завршив се во Ајакс, бидејќи се уште немав цела сезона мината на својата позиција. Во тој период исто така беше повреден, па размислував, „Не уште““, истакна Де Јонг и додаде:

„Чувствував дека треба да останам уште една година во Ајакс, или можеби подолго. Долго размислував за нивната понуда. Тотенхем го гледам како стабилен клуб и тој станува се подобар и подобар.

На младите играчи им даваат шанса и го гледам Маурисио Сари како тренер кој навистина постигнува напредок кај младите играчи. Ми се допаѓа фудбалот кој го играат. Мислам дека тоа би одговарало на мојата игра“, додаде сега веќе фудбалерот на Барселона.