Де Јонг се сели на „Олд Трафорд“, Барселона ќе добие еден куп пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед конечно го договори Френки де Јонг од Барселона, па за неговите услуги ќе бидат исплатени 85 милиони евра.

Специјалистот за трансфери Фабрицио Романо објави дека Манчестер јунајтед се договорил со Барселона, па наскоро ќе се реализира трансферот.

Јунајтед ќе исплати 75 милиони евра веднаш, како и 10 милиони евра во бонуси за трансферот на репрезентативецот на Холандија.

Ова треба да им помогне на Каталонците, кои ќе соберат доволно пари за да го купат Роберт Левандовски од Баерн Минхен.