Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот шампион Наполи беше поразен од Интер со 0-3 и направи чекор назад во битката за титулата во Серија А.
Првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис за медиумите кажа дека неговиот тим бил ограбен во дербито.
Де Лаурентис му забранил на тренерот Валтер Мацари да зборува пред новинарите, по што испрати порака до јавноста.
„Се чувствуваме ограбено. Тоа може да се каже по ваков натпревар во кој судијата Давиде Маса немаше своја ноќ. Направи големи грешки на наша штета и тоа влијаеше врз резултатот“, кажа Де Лаурентис.