Де Роси откри зошто Рома е во победничката серија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси ја препороди екипата од Италија, а по мечот против Брајтон (4-0) имаше само пофални зборови за своите ѕвезди.

Римјаните немаа милост за премиерлигашот и веќе со една нога се во четвртфинале на Лигата на Европа.

„Победивме во натпреварите во кои заслуживме. Не сум направил ништо посебно откако дојдов, туку работите сега се на свое место и јас сум среќен. Рома има талентирани фудбалери, а тоа го кажувам од првиот ден. Нашиот состав е силен и затоа победуваме. Видов многу работи во нашата игра кои ми се допаднаа“, кажа Де Роси.

Калчолигашот славеше на седум од 10 натпревари под водство на Де Роси.