Дебуши прави чекор назад во кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот крилен фудбалер Матју Дебуши е на чекор од заминување од Арсенал.

Тој во 2014 година стигна во Арсенал и тоа од Њукасл Јунајтед, но имаше бројни поблеми со повредите па не играше многу.

Во минатата сезона помина на позајмица во Бордо каде што одигра само девет лигашки мечеви, па заминувањето од Арсенал е сосема реална опција.

Како што пренесуваат турските медиуми, Дебуши е многу блиску до трансфер во Галатасарај и купувањето многу брзо треба и да се официјализира. Осен Дебуши, Галата е на прагот од доведување и на Лукас Леива од Ливерпул.