Децата на Ѓоковиќ ја прославија победата против Алкараз во Мелбурн (Видео)

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен.

На Ѓоковиќ тоа му појде од рака, откако го победи Карлос Алкараз после голем пресврт со 3:1 во сетови.

Карлитос нешто подобро влезе во мечот, освојувајќи го првиот сет со 6:4, а потоа Новак ја зголеми брзината, го засили темпото и го прегази младиот Шпанец.

Знаеја тоа како да го прослават и неговите син и ќерка, Стефан и Тара, кои не ги криеја задоволствата.

.