Дефанзивец на Барселона му стана голем непријател на Еспањол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо имаше жестока пресметка со фудбалерите и стручниот штаб на градскиот ривал Еспањол во мечот кој заврши реми (2-2).

Дефанзивецот поради повреда на полувреме го напушти теренот, но се потруди да стане голем непријател на Еспањол.

Тој во текот на мечот стана од клупата и почна да вика кон противничките фудбалери.

„Вратете се во втората лига. Одете назад“, викаше Араухо.

Тоа ја испровоцира клупата на домашниот тим, но и навивачите, па Араухо беше „почестен“ со жестоки пцовки.

Араухо на крајот реши да се извини поради неговиот потег.

„Сакам да им се извинам на сите поради мојот потег. Тоа беше предизвикано поради тензиите во дербито. Јас ги почитувам своите ривали и жал ми е поради тоа што се случи“, вели Араухо.