Дејвис подобар од Антетокумпо: Лејкерс го скрши Милвоки (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс триумфираше со 133-129 против големиот ривал Милвоки Бакс, а најдобри на паркетот беа Ентони Дејвис и Јанис Антетокумпо.

По стартното водство на Милвоки, Лејкерс направи пресврт и поведе со 61-46 во втората четвртина, по што следеше жестока битка во второто полувреме.

Антетокумпо не се откажуваше и се бореше до последниот момент, но сепак немаше решение за расположениот Дејвис кој продолжи да го полни кошот на Лејкерс.

Дејвис го заврши дуелот против Милвоки со 44 поени и 10 скокови, додека Антетокумпо му даде 40 поени на Лејкерс.