Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кошаркарите на Њујорк Никс го освоија НБА насловот за првпат по 53 години, совладувајќи ги Сан Антонио Спарс со резултат 94:90 во петтиот натпревар од финалната серија и со вкупен скор 4:1 дојдоа до третата титула во историјата на франшизата.
Историската ноќ во Сан Антонио му припаѓаше на Џејлен Брансoн, кој одигра натпревар на кариерата и постигна дури 45 поени, водејќи ги Никс до најголемиот успех од шампионската генерација од 1973 година.
Сјајниот плејмејкер особено доминираше во второто полувреме, кога постигна 29 поени и беше клучниот играч за големиот пресврт на својата екипа. За неговите настапи во финалната серија заслужено беше прогласен за МВП на финалето.
Покрај Брансoн, значителен придонес за шампионската победа дадоа и Микал Бриџис со 14 поени, Џош Харт кој забележа дабл-дабл учинок од 13 поени и 11 скокови, како и ОГ Ануноби со 11 поени. Карл-Ентони Таунс и Митчел Робинсон додадоа по 10 скокови.















