Дел Боске знае дека не цутат рози во Реал Мадрид: Од почит кон клубот, не би зборувал…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот селектор на репрезентацијата на Шпанија и предводник на Реал Мадрид, Винсенте Дел Боске даде коментар за актуелната ситуација во „кралскиот клуб“.

Дел Боске посочи дека од почит кон клубот нема да зборува многу иако знае дека таму не цутат рози, се со цел да не привлече дополнителен фокус на медиумите и уште повеќе да ја раздлабочи кризата во Реал.

„Не би ја коментирал моменталната ситуација само од почит кон клубот. Тоа што би го кажал, а има што да кажам, би можело да пречи некому и да предизвика дополнителен фокус на медиумите“ –изјави Дел Боске.