„Делии“ не се среќни – му дадоа „жолт картон“ на тренерот Бахар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црвена Звезда вчера одигра нерешено (1-1) против ТСЦ Бачка Топола, а тоа предизвика бурна реакција кај навивачите на српскиот гигант.

„Делии“ во моментов имаат шест бодови помалку од најголемиот ривал Партизан на табелата, а навивачите се бесни затоа што Ц. Звезда беше голем фаворит за титулата, но во моментов не им оди најдобро.

Српските медиуми пишуваат дека „Делии“ вчера им држеле лекции на фудбалерите во соблекувалната, а на тренерот Барак Бахар му дале „жолт картон“.

„Управниот Одбор на Црвена Звезда одржа итна седница по вчерашниот натпревар и ги анализираше игрите и резултатите во последниот период. Заклучокот е дека евидентно постои криза во играта и во резултатите во последните два месеци, но и убедени сме дека тренерот Бахар и играчите со своајта работа во наредниот период ќе ги надминат овие проблеми и ќе го покажат квалитетот што несомнено го поседуваат“, објави српскиот гигант.