Дембеле бил само почеток: Чави ќе избрка уште пет фудбалери од Барселона!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона синоќа со многу проблеми триумфираше против Алавес (1-0) и освои три бода кои ја вратија во игра за топ-4 и место во Лига на шампиони (ЛШ).

Меѓутоа, тренерот Чави Ернандез беше критикуван од навивачите поради лошите настапи на екипата, па наскоро може да се очекуваат промени.

Чави имаше интересни измени и тактички потези кои не им се допаднаа на навивачите, но јасно е дека тој сè уште се обидува да открие на кои фудбалери може да смета.

Списокот со фудбалери на Чави не е долго, но и покрај тоа тренерот реши да отпише пет фудбалери, кои сака да ги избрка до крајот на јануари.

Прв на листата е Осман Дембеле, но таму се уште и Самуел Умтити, Клемен Ленгле, Алехандро Балде, Рики Пуиг и Оскар Мингеза.