Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими ќе мора да се појави пред суд во Франција поради обвинувања за силување, откако францускиот суд ја потврди одлуката да се води процес против него.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен и капитен на репрезентацијата на Мароко ги негира обвинувањата и порача дека со нетрпение го очекува судењето бидејќи тоа ќе му овозможи да ја претстави својата страна на приказната.
Хакими на социјалната мрежа “X” напиша дека на судењето конечно ќе има можност „да зборува“.
Случајот датира од февруари 2023 година, кога жена, тогаш 24 години, пријавила во полицијата во областа Вал де Марн дека Хакими ја силувал.
Според исказите од истрагата, таа тврди дека фудбалерот го запознала преку Инстаграм во јануари истата година, а потоа отишла во неговата куќа со такси кое наводно тој го нарачал.
Обвинувачката тврди дека Хакими ја бакнал, допирал без нејзина согласност и потоа ја силувал. Наведе дека успеала да го одбие и да испрати порака на пријателка која дошла по неа.
Датумот за почеток на судењето пред кривичниот суд во департманот От де Сена сè уште не е соопштен.
„Оваа потврда беше очекувана. Ништо овде не сугерира дека тој е виновен за нешто, тој останува цврст во својата одбрана“, рече адвокатката на Хакими, Фани Колен.
Адвокатката на жената која поднела тужба, Рејчел-Флор Пардо, порача дека одлуката и донела „олеснување и надеж“ на нејзината клиентка.
















