Денвер без ѕвездите загуби од Феникс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер нагетс беа поразени од Феникс санс со 115-119 во меч кој беше без поголема важност.

Гостите од Колорадо излегоа на паркетот со резервен состав и немаа сила за изненадување. Најдобар стрелец беше Брус Браун со 31 поен, додека Кевин Дуран постигна 29, а Крис Пол запиша 25 поени.

Мајами хит славеше против Филаделфија со 129-101 во важен натпревар за место кое води во плејофот, а на останатите натпревари триумфи остварија и Кливленд на гости кај Орландо со 118-94 и Сан Антонио против Портланд 129-127.