Дешам: Ако ви е здодевен нашиот фудбал, гледајте нешто друго!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Францускиот селектор Дидие Дешам тешко ги прифати критиките за лошата игра на неговата екипа, па даде остар коментар кон новинарите.

„Триколорите“ стигнаа до полуфинале на Европското првенство (ЕП) во Германија без да постигнат гол од игра, а тоа е навистина неверојатно за екипа која има голем број ѕвезди.

„Ако ви е здодевен нашиот фудбал, гледајте нешто друго. Ништо не е задолжително. Ова е посебно Европско првенство, за сите е тешко. Бројот на голови е помал од очекуваното“, кажа Дешам.

Франција во полуфинале ќе се соочи против Шпанија, додека Англија ќе игра против Холандија