„Десната рака“ на Јокиќ потпиша договор вреден 208 милиони долари


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот НБА-шампион Денвер нагетс му го продолжи договорот на Џамал Мареј на дополнителни четири години.

Втората ѕвезда на Денвер потпиша четиригодишен договор со вредност од 208 милиони долари, па ќе остане во тимот до 2029 година.

Мареј минатата сезона настапи на 59 меча за Денвер, а притоа постигна по 21,2 поени и 6,5 асистенции по меч.