Деветмина играчи во НБА имаат договори како никој друг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На девет играчи на НБА им се исплатени 90 проценти од платата без оглед на потенцијалното откажување на целата сезона.

Екипите на НБА го задржуваат правото да ги намалат приходите на играчите заради вонредни околности, но девет играчи се целосно безбедни затоа што имаат зделки како никој друг во лигата.

Сите тие се членови на агенцијата Клач предводена од познатиот агент Рич Пол и чиј најпознат клиент е Леброн ејмс. На сите им беше дадена можност да земат 90% од нивната плата однапред, што ја користат.

Така, заедно со Леброн Џејмс, сигурна плата дoбоија Џон Вол, Кентавиус Калдвел-Поуп, Дејонте Мареј, Мајлс Бриџис, Дариус Базли, Дариус Гарланд, Терас Фергусон и Треј Лојлс.

До 1. април им беа исплатени најголем дел од парите, додека во случај НБА лигата да одлучи да ги намали платите, остатокот од лигата би останал со не повеќе од еден процент по натпревар.

Покрај овие кошаркари, најголем дел од платата добија и Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Блејк Грифин, додека останатите ќе се плашат до конечната одлука за сезоната.

Рич Пол уште еднаш покажа дека е фантастичен агент и не е ни чудо што има се повеќе клиенти на неговиот тим.