Џеко на праг да го надмине Пандев во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Босанскиот напаѓач Един Џеко постигна два гола во победата на Интер против Сасуоло (2-1), па така дојде на чекор да го надмине легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев.

Џеко со двата гола стигна до 100 голови во калчолигата, па му недостига само еден за да го стигне рекордот на Пандев на врвот на листата на екс-ју стрелци во Серија А.

Босанецот во Италија има 100 голови, од кои 85 ги постигна во дресот на Рома, а останатите ги постигна во тимот од Милано.

Зад Пандев и Џеко останува црногорскиот фудбалер Мирко Вучиниќ со 96 погодоци, како и Јосип Иличиќ, кој ја напушти Аталанта по депресијата со која се соочуваше.