Џеко се скарал со Инѕаги и нема да игра во финалето на ЛШ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер го освои трофејот во Купот на Италија, а до крајот на сезоната го очекува битка за титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), но на мечот најверојатно нема да настапи Един Џеко.

Босанскиот напаѓач имаше караница со тренерот Симоне Инѕаги за време на дуелот со Фиорентина во финалето на Купот.

Италијанските медиуми пишуваат дека однесувањето на Џеко го налутило тренерот, кој решил да не му даде шанса во финалето на ЛШ, иако овие шпекулации треба да се земат со доза на резерва бидејќи на „нераѕурите“ ќе им биде потребна секоја помош за да го победат Манчестер сити.

Џеко оваа сезона постигна 14 гола во сите натпреварувања.