Џенаро Гатузо дал согласност за ангажман на фудбалер на Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ел Чиригнито“ пренесува дека новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо дал „амин“ за ангажман на фудбалерот на Наполи, Хамес Родригез.

Италијанскиот клуб се поврзуваше со ангажман на колумбискиот фудбалер додека на клупата седеше Карло Анчелоти, а наводно сега и Гатузо нема да има ништо против да го добие потписот на одличниот фудбалер.

Хамес Родригез не игра многу во Реал Мадрид по неговото враќање во клубот по истекот на двегодишната позајмица со Баерн Минхен.

Големи се шансите тој да си замине од Мадрид уште во јануари, а следна негова дестинација речиси сигурно ќе биде Италија.