Џенова на второ место по број на заразени членови на ковид-19!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џенова денеска потврди три нови случаи на ковид-19, а тоа се Кришито, Малес и Бираски, со што бројката на заразени играчи во тимот се искачи на 17, а на вкупно членови е 22.

Екипата на Горан Пандев стана втор тим во светот со најголем број заразени членови со корона, па пред нив е само Бока јуниорс со еден случај повеќе, односно 27.

Во клубот секојдневно има тестирања поради големиот број случаи, добро е што Пандев е помеѓу оние малкумина кои не се позитивни, меѓутоа и така се појави проблем за неговото доаѓање во Скопје за натпреварот против Косово. Како и да е се ќе биде јасно во тој поглед денес кога селекторот Игор Ангеловски треба да го објави списокот на повикани играчи.