Џип удрил во ракометарки на ЖРК Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата вечер во Скопје, поточно во населбата Ѓорче Петров се случила сообраќајна несреќа, во која биле повредени ракометарки на ЖРК Вардар.

Како што објавија неколку македонски медиуми, џип загубил контрола кога пред него му „пресекол“ пат друг автомобил, па морал да заврти кон автобуската станица на која се наоѓале двете ракометарки.

Според првите информации кои се објавени, девојките вчера биле примени во болница, но се во добра состојба и наскоро ќе бидат испратени дома.