„Џордан испи десет пиво, а потоа го урна Кливленд и даде 52 поени поради облог!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мајкл Џордан, без дилеми, е еден од најдобрите кошаркари во историјата, а дека бил семоќен по обрачите сведочи и приказната на неговиот пријател Џереми Роник.

Познато е дека Џордан обожава голф, во кој очигледно не е ниту блиску добар како во кошарката. Сепак,  тој спорт го играл во пари, зашто обложувањето секогаш му беше една од страстите.

„Игравме едно утро голф и јас постојано го победував. Му земав неколку илјади долари. Мајкл се подготвуваше да тргне дома, а потоа ми кажа да одиграме уште една партија. Нашата игра продолжи цело попладне, а постојано пиевме пиво. Испивме по десет, а притоа јас победував и му ги земав парите“, вели Роник.

Кога конечно заврши, Мајклод голф теренот тргнал на меч, а Џереми му дал предизвик дека сите пари ќе ги стави на Кливленд.

„Се обложувам дека ќе победиме барем 20 разлика, а јас ќе дадам најмалку 40 поени“, кажал Џордан.

На крајот легендарниот кошаркар постигна 52 поени, а Чикаго славел со 26 поени разлика.