Џордан со солзи во очи го прекинал снимњето: Луѓето ќе мислат дека сум бил тиранин…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Мајкл Џордан е легенда и јунак на многумина, но далеку од тоа дека било лесно да се игра со него во иста екипа. Кошаркарот знаел да им го направи пеколен животот на неговите соиграчи.

Во документарецот за него, кој привлече големо внимание на светската јавност, Џордан го објасни својот менталитет.

„Кога ќе го видат ова луѓето, сите ќе кажат: Џордан не бил добар човек, тој бил вистински тиранин. Но, тоа сте вие, вие никогаш не сте освоиле ништо. Сакав да победувам, но сакав да победуваат и тие да бидат дел од тоа.. Не треба да го правам ова.. Таков сум и така играв. Тоа беше мојот менталитет, ако не сакаш да играш, немој..“, потоа му се наполниле очите со солзи и побарал да биде прекинато снимањето.