Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку е на чекор до враќање во Интер, откако постигна само1 5 голови и две асистенции на 44 меча за Челси.
За негово враќање се шпекулира долго време, а Интер најпрво понуди едногодишна позајмица за која сакаше да плати пет милиони евра, но таа понудата беше одбиена од премиерлигашот.
Челси бара повеќе пари, а Интер наводно е подготвен да плати до 15 милиони евра плус да прифати обврска за откуп на крајот на сезоната.
Лукаку за Интер одигра 95 натпревари и притоа постигна 64 голови и 16 асистенции, а Челси ќе мора да бара замена за Белгиецот и како потенцијално решение се споменува Полјакот Роберт Левандовски.