Ди Марија не е повикан во националниот тим, па полуде: Зошто е тогаш тука Меси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анхел Ди Марија не доби покана за репрезентацијата на Аргентина, а главното објаснување беше дека работат на промена на генерациите.

Имено, тој не можеше да се помири со тоа, особено кога виде дека само тој не доби повик, и потполно „полуде“.

“Ако реално ги гледате работите, тогаш зошто е Меси тука? Зошто се тука Агуеро и Отаменди? Ниту тие треба да бидат таму ако се работи за промена на генерацијата. Јас имам 32 години и можам да продолжам да играм на високо ниво, исто како Нејмар и Мбапе”. рече Ди Марија, додавајќи:

“Тешко е да се разбере зошто не добив покана за националниот тим. Никогаш не ми го дадоа вистинското објаснување, се чини дека едноставно не ме сакаат. Едноставно, не сакам повеќе да молчам за тоа”, заклучи Анхел Ди Марија.

Останува да се види дали, по ова, Ди Марија ќе добие покана за репрезентацијата на Аргентина на следните натпревари.