Дибала ќе го предаде Јувентус и ќе потпише за еден од најголемите ривали?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер сè уште не потпишал нов договор со Јувентус, па тоа остава простор за шпекулации во медиумите дека Пауло Дибала ќе се пресели во Интер, кој наводно испратил понуда до одличниот играч.

Италијанскиот новинар Даниеле Мари објави дека „нераѕурите“ му понудиле петгодишен договор на Дибала со плата од 7,5 милиони евра, а тоа е подобра понуда од таа што ја доби од „Старата дама“.

Директорот на Интер, Џузепе Марота смета дека Дибала ќе се пресели во Милано, а ова ќе ги изнервира навивачите на Јувентус, кои ќе загубат уште една голема ѕвезда.

Дибала настапува за поранешниот италијански шампион од 2015 година, кога стигна од Палермо, па ги освои срцата на сите навивачи.