Дибиров: Мора конечно да влеземе во победничка серија!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Вардар утре од 16 часот игра против Елверум во Лигата на шампиони, па конечно ќе се обиде да ги поправи резултатите.

„Црвено-црните“ не играат лошо на теренот, но влегоа во лоша серија и запишаа многу порази, а рускиот ракометар Тимур Дибиров смета дека е време да се запре таа серија.

„Прво сакам да каам дека напредуваме во играта. Тоа можеше да се види во дуелите со многу квалитетни екипи каде што губевме со по еден разлика. Сите екипи со кои игравме имаа различен стил на игра, така и Елверум се разликува од претходните. Тие се екипа кои бараат физичка подготвеност и играат интезивен ракомет. Време е конечно да влеземе во добра серија и да ја поправиме ситуацијата, ништо не дава повеќе самодоверба како победа“, изјави Дибиров.