Дибиров: Натпреварот против Кјелце е ракометна класика!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар утре ќе се соочи со Кјелце во рамки на ракометната Лига на шампиони, а пред натпреварот изјава даде рускиот ракометар Тимур Дибиров.

Дибиров кажа дека натпреварот ќе биде ракометна класика и додаде дека очекува неизвесен меч.

„Натпреварот против Кјелце е ракометна класика. Секогаш се возбудливи пресметките со нив. Па така очекува и уштрениот меч. имаат одличен тренер и многу квалитетни ракометари. Ние ќе се бориме 60 минути. Јас верувам во нашата екипа и имаме желба за победа“, вели Дибиров.

Натпреварот се игра утре со почеток од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.