Дибиров пред мечот со Нексе: Вардар оди по победа, но противникот не е наивен!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вардар синоќа успеа да слави против Порто во Лигата на шампиони со 32-27, но утре европскиот шампион се соочува со нов ривал и тоа во СЕХА-лигата, кадешто во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Нексе.

Сите се свесни дека Нексе не е наивен противник, односно дека може да одигра добро и да го оствари посакуваниот резултат, па Тимур Дибиров кажа дека се свесни за тешкиот предизвик.

„Нексе можеби има два порази на стартот на сезоната, но тие не се наивен противник. Ние очекуваме голем предизвик и добар меч, зашто противникот ќе биде мотивиран и ќе бара победа по лошиот старт на сезоната“, порача Дибиров.