Дибиров си оди од Вардар по девет години!

Рускиот ракометар Тимур Дибиров донесе одлука да го напушти Вардар по девет години поминати во македонскиот шампион.

ДИбиров пристигна во Вардар кога почна да се гради шампионскиот состав, а во 2017 и 2019 година беше дел од екипата која освои две европски титули.

„Ова е моја последна сезона во дресот на Вардар. За жал овој меч со Веспрем е мојот последне во Лигата на шампиони и најмногу што би сакал сега е да победиме во Битола, да ја освоиме титулата и така да се збогувам со Вардар“, вели Дибиров за „Само Ракомет“.

Дибиров во текот на акриерата успеа да постигне повеќе од 1.000 голови, а со такво нешто не можат да се пофалат многу ракометари.