Дибиров: Тимот се гради од почеток, на Раул му беа потребни четири години да изгради систем!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар утре го започнува фајнлфор-турнирот во СЕХА-лигата кој се игра во Задар, а противник ќе биде екипата на Загреб.

Рускиот ракометар Тимур Дибиров  не го гледа Вардар како фаворит на овој турнир и потенцираше дека на Раул да изгради тим му беа потребни четири години, а кога дошол Парондо тимот веќе имал систем.

„Во споредба со претходните фајнлфор-турнири сега не мислиме дека сме аутсајдери или фаворити. Ситуацијата е поинаква, имаме 10 нови ракометари и тие уште не се вклопиле во тимот, тоа тешко оди. На Раул му беа потребни четири години, кога дојде Роберто веќе имавме систем кој функционира, тогаш менуваш еден играч и продолжуваш. Сега е сменет цел тим и почнуваме од нула. Очекувам подобри настапи од нас во вториот дел од сезоната, имаме цели и сакаме да ги оствариме“, кажа Дибиров.