Димитревски е херој на Рајо – одбрани пенал за триумф против Фуенлабрада ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше херој во победата на Рајо Валјекано проитв Фуенлабрада од 2:0, откако одбрани пенал во првото полувреме.

При резултат 0:0 гостите имаа можност да дојдат до водство од 1:0, меѓутоа Димитриевски го одбрани ударот од белата точка. Рајо до предност стигна во 72. минута.

По голот македонскиот голман се истакна со уште една одлична интервенција и така ја зачува својата мрежа. Набрзо потоа Антонин ги постави конечните 2:0.