Димитриевски договорил трансфер во шесткратен шпански шампион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на лето ќе замине од Рајо Валјекано и ќе потпише за поранешниот шпански шампион Валенсија.

„АС“ објави дека Димитриевски се договорил со Валенсија и ќе се пресели во екипата како слободен агент.

Валенсија во моментов е на осмата позиција во Ла Лига и има три бодови помалку од позиција која води во Конференциската лига на УЕФА.

Димитриевски би требало да биде прв голман на Валенсија од следната сезона, бидејќи тимот сака да го продаде Мамардашвили и да заработи голема сума на пари.