Димитриевски го „избрка“ Куман, Барселона ќе вработи легенда како нов тренер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа потврди дека Роналд Куман повеќе не е тренер на каталонскиот тим. Неговото столче веќе некое време не беше сигурно, па се чекаше само моментот кога ќе добие отказ.

Откако загуби од Рајо Ваљекано со 0-1, во меч во која Столе Димитриевски му одбрани пенал на Мемфис Депај, Куман беше отпуштен.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чави Ернандез е прв избор за нов тренер и клубот почнал преговори со легендарниот Шпанец.

Покрај Чави се споменуваа и Антонио Конте и Роберто Мартинез, но очигледно раководството на Барселона има други амбиции.

Легендата на клубот ја познава ситуацијата и структурата на Барселона, како и финансиската состојба, па Чави би бил најреална опција во моментов.

Барселона до крајот на неделата би можела да постави нов тренер, а во следниот период ги чекаат натпревари против Алавес, Динамо Киев и Селта.