Димитриевски и Рајо Ваљекано ја расплакаа Барселона на „Камп Ноу“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајо Ваљекано запиша победа од 1-0 на „Камп Ноу“ против каталонскиот гигант Барселона во рамки на 33. коло од шпанската Ла Лига.

Алваро Гарсија погоди во седмата минута за водство на гостите и тоа беше доволно за да освојат три бода, бидејќи нападот на Каталонците не функционираше најдобро и мрежата на Столе Димитриевски мируваше до крајот на мечот.

Барселона има 63 бода по 33 одиграни кола во Ла Лига, додека Рајо Ваљекано се наоѓа на 11. позиција со 40 бодови.